Ученици од СОУ ,,М.М.Брицо” од Делчево ја изведоа театарската претстава ,,Бегалка”

Во Спомен Дом АСНОМ успешно изведена театарска претстава „Бегалка“ од Васил Иљоски, изведена од ученици,ќ од гимназијата ,,Методи Митевски – Брицо”, а под менторство на професорите Елена Ѓеоргиевска и Никола Јанакиев.

-Вечерашната извонредна изведба заедно со безброј големи достигнувања го одбележуваат крајот на оваа учебна година на најубав можен начин. Оваа драма, претставена на сцена беше резултат на многу часови посветена работа, труд и ентузијазам. Со својата посветеност и талент, учениците ни’ покажаа дека соништата и амбициите се остваруваат со истрајност и посветеност, се вели во објавата на училиштето.

Оттаму им честитаа на сите ученици за нивната извонредна работа и постигнувања во текот на целата учебна година, потенцирајки дека со нетрпение ќе го очекуваат новиот училиштен предизвик!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*