Со литургија и литија, Делчево ги славеше заштитниците на градот Св.Кирил и Методиј

На денешниот празник посветен на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј, Неговото Преосвештенство епископот Делчевско – каменички г. Марко чиноначалствуваше со Светата Божествена Литургија во храмот посветен на ,,Свети Наум Охридски” во Делчево.

Епископот по читањето на Светото Евангелие одржа пригодна беседа, во која ја истакна огромната просветителска дејност и мисија на светите браќа помеѓу словенските народи.

По Светата Литургијата верниот народ ги прими Божествените Дарови. Потоа епископот во присуство на проф. Виолета Стојковска по англиски јазик и Анита Златковска – Постоловски по германски јазик им подели благодарници на сите кои редовно ги посетуваа овие курсеви. Исто така беа поделени и благодарници на децата кои земат активно учество во црковниот хор.

После тоа епископот придружен од свештенството и верниот народ со свечена литија од храмот ,,Свети Наум” се упатија до храмот ,,Свети Климент”. Таму пред храмот се прекрши славски колач во чест на денешниот празник.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*