Стручна литература од ЈЛБ ,,Илинден” за најдобрите 10 матуранти од Делчево

Традиционално и годинава, ЈЛБ„Илинден“-Делчево, подари книги стручна литература на 10 –те најдобри матуранти од СОУ„М.М.Брицо“.

-Се надеваме дека книгите ќе им помогнат низ студенските години.Она што навистина го посакуваме е да не заборават од каде потекнуваа, тука да си се вратат, дома, и како академски граѓани, паметни,амбициозни и талентирани да допринесуваат за развојот во својот роден крај, се вели во објавата на ЈЛБ ,,Илинден” Делчево.

На сите најдобри, но и на сите матуранти, ЈЛБ„Илинден“ им ја честитаа матурата и им посакаа многу успеси.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*