Во Пехчево в петок ќе се одржи дебата за третманот, производството и откупот на сливата

Претстојниот петок во Пехчево ќе се одржи дебата која ќе биде отворена за сите производители на слива од Малешевијата, Пијанец и околината.

Иницијативата во фејсбук групата Пехчевско Лоби ја сподели производителот Душко Стефановски, кој упати јавна покана до заинтересираните да присуствуваат на дебатата која на 31.05.2024 со почеток во 14 часот ќе се одржи во Кафе Бар Ким.

-Почитувани Пехчевци. Би сакал да ги известам сите производители на слива од нашиот регион, дека петок 31.05 во 12 часот ќе организираме состанок и дебата околу производството на сливата, нејзиниот квалитет, третирањето, исто така и за проектот што го планираме за производство и откуп на сливата во иднина. Ве покануваме во 14 часот во Кафе Бар Ким, сите заедно да се подружиме и поразговараме на таа темаз вели Стефановски во поканата за настанот.

Гостин на настанот ќе биде професор Маријан Кипријановски, кој на производителите стручно ќе им објасни и долови повеќе работи за производството на овој квалитетен плод, кој се повеќе и повеќе се бара на европскиот пазар.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*