ЈЛБ ,,Илинден” го одбележа Меѓународниот ден на детето

Објава на ЈЛБ ,,Илинден” Делчево:

Данте Алигиери рекол: „Три нешта ни останале од рајот: ѕвездите во ноќта, цвеќињата преку ден и ДЕТСКИТЕ ОЧИ“
Нека секое дете биде здраво, среќно, безгрижно, сакано! Први јуни е меѓународниот ден на детето.

Денеска во ЈЛБ „Илинден“ – Делчево се, е во знакот на тој значаен датум и на убав начин го одбележавме меѓународниот ден на детато.

Првооделенчињата од ООУ „Ванчо Прке“, денес беа наши гости, и направија прекрасни цртежи со симболи и слики што го означуваат и одбележуваат денот на детето. Обоени по своја „сопствена креација“, цртежите ги изложивме на влезот од библиотеката. Потоа неколку грмушки во градскиот парк ги накитија со балони во разни бои и со насмевки на лицата, со песна, децата си замнинаа, а ние се надеваме дека повторно ќе се дружиме и забавуваме. Благодарност до наставничките Верица, Соња и Цветанка и до сите дечиња!

Одлука за прогласување на 1 Јуни за посебен ден на децата е донесена од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија и претставува нов почеток во подобрување на можностите за најмладите.

Правата на децата во Македонија се остваруваат согласно Конвенцијата за правата на детето на Обединетите Нации и законска регулатива во Република Македонија. Свесни сме дека за да има хармоничен развој на личноста на секое дете, треба да создадеме услови тоа да расте во здрава семејна средина, во пријатна атмосфера исполнета со среќа, љубов и разбирање. Токму тоа не задолжува децата да ги третираме како рамноправни на нас возрасните, како активни субјекти и носители на права и обврски. Кон нив треба да се однесуваме со должно внимание, ним треба да им овозможиме образование, со цел натамошен просперитет на човештвото.

Сите ние како дел од семејството, градинките, училиштата, библиотеките, установите за грижа и заштита на децата и други институции и органи имаме обврска да придонесеме за нивен правилен психофизички развој, да ги воспитаме и образуваме во духот на толеранцијата и прифаќање на различностите, да ги научиме како да одбегнуваат конфликтни ситуации и да го изберат дијалогот како начин на решавање на проблемите, со што ќе придонесеме детето да биде подготвено да живее во духот на мирот, достоинството, толеранцијата, слободата, рамноправно и солидарно со другите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*