Во Делчево кошаркарките на Вардар подобри од Пробаскет во првото полуфинале во М-18

 Во Делчево започна финалниот турнир за кошаркарки во М-18 конкуренција. Домаќин на турнирот е екипата на КК ,,Патриот 2016″ од Делчево, а учествуваат уште и екипите на ЖКК ,,Вардар” Скопје, ЖКК ,,Пробаскет” Кавадарци и ЖКК ,,Бадел 1862″ исто така од Скопје.

Во првото полуфинале ЖКК ,,Вардар” со резултат 104:51 го совладаа женскиот тим на ЖКК ,,Пробаскет” Линк од натпреварот ЖКК ,,Вардар” – ЖКК ,,Пробаскет”, додека во второто полуфинале од 19:00 часот, домашната екипа ,,Патриот 2016″ игра со екипата на Бадел 1862 Линк за натпреварот ЖКК ,,Патриот 2016″-ЖКК ,,Бадел 1862″

-Како домаќини се потрудивме да го организираме овој настан, обезбедивме услови и средства истиот да се одржи во Делчево. Кога велиме фајнал-фор тоа значи дека ги имаме најдобрите 4 екипи ќе биде неизвесно во сите натпревари. Ние сме подготвени да дадеме се од себе и вечер, но и доколку играме во малото финале нема да биде неуспех, бидејки како што кажав овде се најдобрите 4 екипи, рече Љупчо Петровски, тренер на екипата домаќин.

Подобрите од полуфиналните натпревари кои се играат во спортската сала ,,Методи Митевски – Брицо” во Делчево утре ќе играат за шампионскиот пехар додека поразените претходно ќе го одиграат натпреварот за трето место.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*