Патриотките се пласираа во финале, за трофејот во М-18 на мегдан со Вардар

Екипата на Патриот 2016 му се придружи на Вардар во финалето на завршниот турнир од М18 лигата во женска конкиренција откако вечерва беше убедлив во дуелот против екипата на Бадел 1862

ПАТРИОТ 2016 – БАДЕЛ 1862  72:61

Домашната екипа имаше постојана предност во текот на целиот меч одигран во салата „Методија Митевски-Брицо“. Од самиот почеток се стекна со водство екипата на Патриот 2016. По десет минути игра, водеа со (20:16), а до истекот на првото полувреме, предноста на домашната екипа веќе беше двоцифрена (43:32).

Рамноправно се играше во текот на третиот период од играта, но без особени промени во резултатот. А на почетокот на последниот, во само три минути, Патриот 2016 направи серија (9-0), и побегна на недостижни (68:47).

Со 30. реализации Ангеловска го поведе својот тим кон финалето, а поентерски одлично и асистираа Мелани и Радмила Стоименовска кои искомбинираа 32.поени.

Во екипата на Бадел 1862, Алексовска постигна 15, Димовска додаде уште 12. поени.     

Победникот на финалниот турнир во Делчево ќе биде познат по одигрувањето на финалето Вардар – патриот 2016 кое на програмата е на 2. јуни (недела) од 19. часот. А нешто порано, од 16.часот, на распоредот е натпреварот за третото место во кој ќе играат екипите на Пробскет и Бадел 1862.

М18 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР – ДЕЛЧЕВО

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ

Вардар – Пробаскет 104:51

Патриот 2016 – Бадел 1862    72:61

2.ЈУНИ (НЕДЕЛА)

16.00: За трето место Пробаскет – Бадел 1862

19.00: Финале Вардар – Патриот 2016

*Сите натпревари се играат во салата „Методија Митевски-Брицо“ во Делчево

https://www.youtube.com/live/tn6sRNgf_8Y?si=mJs6gwFoRNyqQr-S

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*