Делчево има вицешампиони во кошарка, шампионскиот пехар во М-18 за екипата на Вардар

Екипата на Вардар го освои првото место во финалниот меч од М18 лигата. Во финалето кое се одигра во спортската сала ,,Методи Митевски – Брицо” во Делчево „вардарки“ беа убедливи  против домаќинот на турнирот, екипата на Патриот 2016, со резултат (79:52). Победата во ниту еден момент не беше довдена во прашања имајки предвид дека Вардарки од четвртина во четвртина ја зголемуваа разликата, со што на крај славеа со 27 поени разлика.

-Секоја чест за организаторот на турнирот, ние покажавме дека тоа што го работиме цела сезона дава резултат. Имаме одличен стручен тим, девојки кои се залагаат и работат и тоа е резултат на сето тоа, рече тренрот на победничкиот тим Јасмина Герасимовска Николиќ.

Титулата најкорисен играч на турнирот и припадна на кошаркарката на Вардар, Јана Пислевска, која реализираше дабл-дабл ефект.

-Многу сум среќна за оваа награда како најмала го дадов својот максимум и многу ми значи ова, рече Пислевска по натпреварот.

Тренерот на домаќинот на турнирот Патриот 2016, Љупчо Петровски додаде дека второто место за неговата екипа е историски успех за Делчево.

-Јас и вчера кажав дека ова е силен турнир, на кок секој секој може да победи. Вчера го совладавме Бадел, натпревар на кој дадовме се од себе и се истрошивме. Денес одигравме во рамки на своите можности. Сепак ова е огромен успех, бидејки да бидеш втор во Македонија во најголемата младинска конкуренција и да оставиш срце на терен е одличен успех. Дадовме се од себе и за нас ова е историја и успех, рече Петровски.

Претходно во малото финале кошаркарките на Бадел 1862 го совладаа тимот на Пробаскет, освојувајки го третото место на завршниот турнир во М-18 лигата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*