Ученичка во Јахја Кемал од Делчево на Меѓународна училишна Олимпијада во Њујорк

Нашите ученици и кога учат надвор од родното Делчево, често знаеле да бидат одличен пример со каква наобразба се здобиле за време на основното образование.

Уште еден одличен доказ за тоа е примерот на ученичката Јана Петровска која деновиве како ученик во Јахја Кемал ќе учествува на Меѓународна Олимпијада во Њујорк.

По тој повод еве што стои во објавата на училиштето за овој голем предизвик кој Јана и нејзиниот хемиски партнер ќе го имаат во Соединетите Американски Држави.

Јас и мојот хемиски партнер Јована Нацева ќе го претставиме нашето истражување кое го анализираше „Чистењето на фосфатите во еутрофичните води со помош на нанокомпозити на база на цериум“. Нашата презентација ќе се одржи на 9 јуни во Њујорк, САД, стои во објавата за претстојната Олимпијада.

Проверете ја оваа веб-страница за да прочитате повеќе 👇

https://caerium-based-nanocomposites.my.canva.site/clearing-phosphates-in-eutrophic-waters

Инаку Јана Петровска за време на своето школување во Делчево сите ја паметиме како една од најдобрите ракометарки на РК Делчево. И посакуваме многу успех на претстојната Олимпијада.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*