Претставата ,,Веселинови” ја наполни големата сала во Спомен дом АСНОМ

Во Делчево вечерва прикажана комичната драма ,,Веселинови” во изведба на Драмското студио ,,Бронзена наметка” од Штип.

Главните улоги ги толкуваа актерите Оле Поцкова и Игор Стојанов – Баркли, кои преку текстот на Трајче Кацаров го претставија животот на едно македонско семејство, кое опстојува во денешните тешки општествени услови.

Оле Поцкова и Игор Стојанов – Баркли (Фото: Делчево365)

Изјава на Поцкова:

Јас го играм ликот на Весела, Игор го игра ликот на Веселко, тоа се типични примероци на едно македонско семејство кое што опстојува во овие тешки општествени услови. Ова е огледало на македонската реалност и ние така сакавме да ја претставиме. Нашите ликови се повеќе контрадикторни отколку противречни, на час се комични, на час се сериозно тажни
Посетителите се фотографираат со главните ликови во претставата ,,Веселинови” (Фото: Делчево365)

Идејата за да се направи претставата започнала околу Нова година, а самите актери интензивно ја подготвувале околу два месеци. 

Изјава на Стојанов:

Потоа дојде премиерата и ете сега ја шириме културата низ Македонија. Многу ни е мило што еве во Делчево после толку време се прикажува една театарска претстава.

Методи Толевски, програмски директор на Националната установа Центар за култура Никола Јонков Вапцаров зафоволен и изненаден од присуството на публиката сум додаде дека ова за установата е огромна мотивација да продолжи и понатаму да организира вакви претстави.

Методи Толевски, програмски директор во НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров” Делчево

Воедно ја искористи приликата да го најави концертот кој по повод Светскиот ден на културата ќе се одржи на 10 јуни во Делчево.

Театарската претстава погледнете ја на следниот линк: https://www.youtube.com/live/IuinzKGWpVE?si=SZr41HaTJZWims8Q

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*