Ученици од СОУ ,,М.М.Брицо” ја изведоа ,,Бегалка” во Пехчево

Уште една успешна драмска претстава на учениците од СОУ ,,М.М.Брицо” Делчево.
Нашите актери под менторство на наставниците Елена Ѓеоргиевска и Никола Јанакиев приредија драмска претстава која ги воодушеви сите присутни во Дом на култура Јане Сандански во Пехчево, каде се претставија со драмата ,,Бегалка” од Васил Иљоски.

-Настапот, одржан во Пехчево привлече многубројна публика. Актерите блескаа на сцената со својот талент и енергија, а динамичните дијалози и хумористичните моменти предизвикаа бурни аплаузи, се вели во објавата на СОУ ,,М.М.Брицо”.

Со две успешни претстави зад себе, со нетрпение од гимназијата очекуваат уште многу вакви моменти следната учебна година

Честитки за сите учесници и поддржувачи на овој проект!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*