ЈЛБ ,,Илинден” го одбележа Светскиот ден на животната средина

Денеска ЈЛБ„Илинден“, реализираше активност со дечињата кои учат во ПУ на ООУ„Ванчо Прке“ во с.Габрово.Во природа, во убавиот зелен двор на училиштето, учениците со помош на наставниците од оваа училиште се натпреваруваа во разни забавни и интересни игрички.Од библиотеката добија подарок книги кои ќе останат во училиштето и кога ќе имаат слободни активности ќе можат да ги читаат.

Благодарност до наставниците Гордана, Билјана и Бојан , до сите вработени во училиштето и пред се до сите ученици.Се надеваме дека убаво се забавуваа и натпреваруваа.

Оваа активност се реализираше во природа , во чиста животна средина затоа што денеска се одбележува 5 јуни, Светскиот ден на животната средина, кој е креиран од Генералното собрание на Обединетите нации во 1972 година на првиот ден од Конференцијата на ОН за животна средина, а се прославува од 1974 година во повеќе од 140 земји во светот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*