Младинска галерија во рамки на проектот ,,Направи разлика” во Делчево

Во рамки на проектот ,,Направи разлика” финансиран од Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и УСАИД денеска членовите на Младинска банка Делчево организираше настан насловен Младинска Галерија. Родне Деолска од Регионалниот центар за застапување кој се вклучи во реализацијата на настанот истакна дека настанот е од филантропски карактер, односно има за цел  да се соберат средства за отворање Младински центар како и за доуредување на на Градскиот парк.

-Во рамки на настанот поголем број на млади се собраа на пешачката патека на Кејот на река Брегалница, се со цел заеднички да се дружат, да создаваат различни ликовни творби. Младите имаат поставено кутија за донации од оние граѓани кои сакаат да помогнат за гореспоменатата цел, истакна Деолска.

Ова како што додаде е само една од неколкуте активности кои ги имаат членовиѕе на Младинската Банка од Делчево.

-Претходно во Градскиот парк се одржа натпревар во шах и табла, претходно имавме концерт во рамки на Велигденскиот базар, а потоа и Велигденска средношколска забава во која исто така беа собрани средства за отворањето на Младинскиот центар. Ние се приклучивме и го дадовме својот придонес, додаде Деолска.

Волонтерот Марија Магдалена Стоименовска изрази задоволство од учеството во настанот.

-Ние сме волонтери од проектот Младинска Банка и овој настан има за цел да собере финансиска поддршка за правење Младински Хаб и поправање на светлата во нашиот парк во Делчево. Целта е да ги покажеме креативните способности кои сметаме дека се важни за нашиот град, рече Стоименовска.

Во наредниот период како што додадоа организаторите планирано е јога на отворено, театарска претстава и  проекција на филм.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*