Прскање против комарци утре во Пехчево

Во Пехчево и населените места кои потпаѓаат под оваа Општина утре ќе биде спроведено теристичко третирање против комарци. Со третирањето како информираа од Општината ќе бидат опфатени течението на реката Писа во Пехчево, барскиот систем Езерце и сите зелени површини и улици во градот и околината.

-Границата на третирање кое е закажано за вторник (11.06.2024) започнува од северо-запад од атарот на с.Чифлик и течението на река Писа во правец на Пехчево, притоа опфаќајќи ги сите зелени површини во градот, сообраќајници, места за одмор, протечни, стоечки води и сл. Од градскиот стадион и градските гробишта третирањето ќе продолжи во правец на север, северо-исток кон м.в. ,,Елата,, и с.Негрево. во правец на југ и југо-запад третирањето ќе се спроведе во правец на индустриската зона за мало стопанство, кон месноста ,,Бодовица,, и градската депонија, истакнаа од Општината.

Општината апелира пчеларите од Пехчево и околните места во периодот на третирањето да ги обезбедат своите пчелни кошници заради избегнување на можноста од негативни влијанија, односно заради зголемена безбедност на пчелните семејства.

Во случај на врнежи прскањето како што додадоа ќе се одложи за наредниот ден во истото време, а доколку временската нестабилност продолжи, теристичкото третирање на возрасни комарци како што дополнија ќе се одолжи за оној ден кога ќе се создадат услови за тоа.

Прскањето против комарци во Пехчево ќе се одвива во периодот од 19:00 до 04:00 часот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*