Во тек пријавувањето за традиционалната велосипедска трка ,,Пехчево на точак 2024″.

Во тек пријавувањето за традиционалната велосипедска трка ,,Пехчево на точак 2024″. Велосипедската тура која ја организираат група ентузијасти годинава ќе се одржи на 22 јуни 2024 година по планинските падини на Пехчево и Малешевијата.

-Ги информираме почитуваните љубители на планинскиот (адреналински) велосипедизам дека на 22.06.2024 година, сабота, по планинските падини на Пехчево и Малешевијата ќе се одржи традиционална велосипедска тура. Оваа година изборот на патеки ќе биде до врвот Кадиица 1932 мнв во планините Влаина. Прекрасна средно тешка патека за возење со надморска височина од околу 950 метри, се вели во официјалната најава за настанот.

Должината на патеките во рамки на трката ,,Пехчево на точак” изнесува околу 33 километри.

-Напоменуваме дека патеките не се за почетници. Учеството е бесплатно со тоа што организаторите обезбедуваат ручек и пијалоци за учесниците, кои ќе бидат подготвени на собирното место во близина на врвот. Почетна точка на поаѓање е центарот на Пехчево, односно Кафе Бар Ким во 9:00 часот. Пријавување во инбокс на фејсбук профилот на лицето Александар Бојчевски, додадоа организаторите.

Целосните детали со условите кои треба да ги исполнуваат учесниците се објавени на фејсбук настанот Пехчево на точак 2024.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*