ТППЕ Делчево реализираше тактичко показна вежба во ООУ ,,Св.Климент Охридски”

Во Делчево се одржa тактичко-показна вежба на Територијалната противпожарна единица со симулација на пожар и евакуација на повредени лица од зградата на училиштето ,,Св.Климент Охридски. Покрај ТППЕ Делчево учество во активноста зедоа и вработени во МВР и Итната медицинска помош од Делчево.

-По дојавата за пожар во основното училиште, ТППЕ Делчево реагираше со 10 пожарникари и три противпожарни возила при што беше изгаснат пожарот, евакуирани децата и вработените во училиштето, а беше извлечено и повредено лице од објектот, информираа од ТППЕ Делчево.

Овие вежби како што додадоа се редовна практика на ТППЕ Делчево и се изведуваат со цел да се види подготвеноста и физичка и психичка на пожарникарите во услови на појава на пожар во објектите на институциите во градот, но и да се провери исправноста на опремата.

Учество во акцијата зедоа и волонтерски тимови од Црвен Крст Делчево.

-Согласно нашата програма за работа планирана за овој месец, учествувавме во оваа тактичко показна вежба со цел да се види подготвеноста и знаењата на учениците за евакуација при пожар. Нашите тимови составени од волонтери од нашите училишта успешно учествуваа со показни вежби од Првата помош, истакна Ивана Атанасовска од Црвен крст Делчево.

Вакви и слични тактичко показни вежби од ТППЕ Делчево најавија и за во наредниот период

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*