Младинска планинарска акција на ПСК ,,Голак” до Ченгино Кале

Пишува: Љ.Чучуковски

Младинска планинарска акција Ченгино Кале (Моравски Врв) 1754 м.н.в. на Малешевските планини.

Денес, ПСК ГОЛАК Делчево составен од:
младинците од младинската секција при ПСК ГОЛАК Делчево, предводени од младинскиот лидер Давид Златковски, потоа возрасни од клубот, како и пријатели членови на клубот од Софија (Р. Бугарија),со кои веќе 2 години се дружиме, реализиравме планинарска акција за искачување на врв Ченгино Кале (Моравски Врв) 1754 м.н.в. како и посета на дел од Пехчевските Водопади, сместени во полудивиот дел по течението на река Брегалница на Малешевските Планини (Општина Пехчево – Област Малешево (Беровска))

Маршутата беше со следната патека : Излетничко место Равна Река 1114 м.н.в. – Војничка чешма 1347 м.н.в. – Караула Ченгино Кале 1476 м.н.в. – Локалитет Млечна 1500 м.н.в. – Врв Ченгино Кале (Моравски Врв) 1754 м.н.в.кој е граничен камен 48 – обратно локалитет Млечна 1500 м.н.в. – Воена караула Ченгино Кале 1476 м.н.в.- Војничка чешма 1347 м.н.в. – Љутачки водопад 1302 м.н.в. – Мал Љутачки водопад 1203 м.н.в. – Водопад Скокото 1163 м.н.в. – по течение на река Брегалница се до излетничко место Равна Река 1114 м.н.в.

Вкупната должина на маршот како што додаде Чучуковски изнесувала 17,7 километри.

-На врв Ченгино Кале (Моравски врв) 1754 м.н.в. имавме кратко предавање за користење на мобилни уреди и апликации,како и ГПС Гармин, со начин на користење и потребата од електронски компас како и запознавање со координатите на точката во моментот на движење. Најголема благодарност до младите од младинската секција на ПСК ГОЛАК Делчево : Давид З.Михаил Г.Дарио,Марио Г.Филип С.Максим С.Калин С.Теона З.Ана И.Даме И.Павел Г.Петар С……….како и на Милана С.и Стефан С.кои само што пристигнаа од Америка и не дружеа. Благодарност до возрасните : Даниела С,Игор С.Зуја Н.Невенка Н.Љупчо Ч…… Благодарност до нашите пријатели-членови од Софија (Бугарија) : Бојан, Борислав, Венцислав, Николај……

Благодарност до нашиот спонзор, општествено-одговорната фирма Фротирка-Компани Делчево, која ни го обезбеди превозот Рома Транс од село Вирче (Општина Делчево).

Малку тешка патека, малку потешка полудива околина, но затоа пак максимално позитивни планинари.

Еден преубаво поминат позитивен ден

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*