Пехчево денес повторно ,,на точак” !

Околу 30 велосипедисти, денес учествуваа на традиционалната велосипедска тура ” Пехчево на точак”. Трката која започна утрото во 9 часот успешно ја завршија учесници од неколку градови во Македонија, кои низ убавите предели на Пехчево, ја искачија планината Влаина со врвот Кадиица на 1932 м.н.в.

Во склоп на велосипедската тура, се вклучија и членовите на ПСК”Сосна” од Берово, со хајкинг тура до крајната цел на врвот Кадиица.

Фото 🎬📸: Cekovski Photography

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*