Свештенството од Делчевско-каменичката епархија одржа редовното свештеничко собрание

Денес, 24 јуни на празникот посветен на св. ап. Вартоломеј и Варнава, Епископот и свештенството од Делчевско-каменичката Епархија одржаа редовно свештеничко собрание.

После молитвата, збор зеде Неговото Преосвештенство епископот г. Марко, кој татковски како духовен отец, се обрати на свештениците и при тоа им даде духовни совети, како постојано да покажуваат братска љубов во меѓусебните односи.

Разговара за најразлични тековни активности и проблеми. Исто така, усогласија и правило за тоа како понатамошно ќе се извршува чинот на сите црковните треби.

На крајот, Епископот им посака успешна мисија и искажа задоволство за досегашното разбирање и соработка од страна на свештениците.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*