Се подготвува манифестацијата Илинденски Видувања Вршник 2024

Објавена неофицијалната програма за овогодишното издание на манифестацијата Илинденски Видувања – Вршник 2024, која под покрпвителство на фармацевтскиот гигант ЗЕГИН и г.Благој Механџиски од минатата година се возобнови во с.Русиново, Берово.

Настанот се одржува по повод 2.Август, Ден на Илинденското Востание, а организацискиот одбор од с.Русиново и здружението Малешевци за Малешевијата подготвува богатата културно-уметничка програма со хуманитарен карактер:

Во склоп на Илинденските видувања како дел од традицијата е предвидена и ПОДГОТОВКА НА ТРАДИЦИОНАЛНА ХРАНА ПОД ВРШНИК.

Бидејки настанот ќе се одржи на 2-ри август, сите заинтересирани граѓани најдоцна до 1-ви август 2024 ќе треба да се пријават кај организаторот со предлог за традиционално малешевско јадење што ќе го подготват.

Целокупниот материјал и производи за подготовка на храната ќе бидат обезбедени од организаторот. Настанот ќе има хуманитарен карактер и подготвената храна ќе се продава, а собраните средства ќе бидат донирани на хуманитарниот автомобил.

За музичкиот дел од програмата ќе се погрижат естрадните ѕвезди: Андријана Јаневска, Спасен Силјановски, Елена Велевска, Раде Младеновски, Блага Петреска и други музички имиња со голем број изненадувања за присутните, а во духот на Илинден ќе биде организирана и изложба на старо оружје и пречек на Илинденската коњаница.

Во продолжение се потсетуваме на дел од минатогодишните Илинденски Видувања кои се одржаа во с.Русиново.

https://youtu.be/IMbSgmNaFkg?feature=shared

https://youtu.be/0lFDO_2FUOM?feature=shared

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*