Делчевските производители се едуцираа на тема: ,,Заштита и прехрана на растенијата од семе до плод”

Во организација на Здружението на производители на органски производи Аронија, во Делчево се одржа обука на тема
,,Заштита и прехрана на растенијата од семе до плод”.

Предавач на обуката беше Билјана Бановиќ од платформата ,,Траг Биљке” од Бања Лука, БИХ, која одржа онлајн едукација со производителите од делчевско.

-На обуката присуствуваа локални производители и членови на Аронија кои имаат свои тезги на локалниот пазар. Обуката беше задоволителна и присутните поставуваа прашања во однос на расадот и прехрана на растенијата, истакна Фиданчо Христов, претседателот на здружението.

Активноста се реализира во рамки на проектна иницијатива на Фондацијата за развој на локаната заедница од Штип.

-Проектот е наречен ,,Направи разлика, направи промена”, а нашата цел со оваа обука е да направиме промена во начинот на производство и заштита на растенијата кај локалните земјоделци и членовите на здружението, додаде Христов.

Проектот се реализира со финансиска поддршка од УСАИД.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*