Завршна културно-уметничка програма на ООУ ,,Ванчо Прке” за крај на учебната година

Иднината е светлината кон која одиме низ животот, а факелот со кој ја осветлуваме е во нас, во нашето знаење и образование. За да може секое дете да се изгради во успешен човек потребно му е учењето од родителите, постарите, но пред се од нашите наставници во училиштето. Учењето не е мачење-ако си го олесниш. Одењето на училиште не е само добивање на нови знаења, туку стекнување и на нови пријателства. и морални вредности. Најдобрите другари остануваат за цел живот а потекнуваат од училишните клупи.

Знаењето ја пали искрата на образованието,а таа искра треба да ти служи за целиот живот. На крајот на секоја измината година, па и на оваа, нашите ученици со нивните наставници од петто одделение подготвија Завршна културно- уметничка програма.

Во чест на постигањата на нашите ученици кои учествувале и освоиле награди, и учествувале на Држевни натпревари, како и на учениците од деветто одделение кои имаат континуиран одличен успех им беа доделени награди : книги , благодарници и пофалници .

Оваа вечер беше доделена и најпрестижната награда на училиштето, на ученичката МИЛИТА СТОИМЕНОВА од 9-4 одделение, каако најуспешна и пример за останатите по своето примерно поведение, спортски дух и секако одличен успех, со постигања на Државни натпревари , како ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2015- 2024 година.

Општина Делчево исто така додели награда од 2000 ден.со исплата од девет месеци, на ученикот на генерацијата како поттик и подршка но и за идните наши ученици кои ќе го добијат епитетот УЧЕНИК НА ГЕНЕРАЦИЈАТА. Наградата ја додели Советникот за образование Ванчо Новоселски. Директорот на училиштето Горан Велков им завети на учениците да бидат секогаш најдобри меѓу најдобрите и да се натпреваруваат во духот на заедничкото почитување , да се изградат во високоморални личности.

На сите ученици им посакуваме среќен летен распуст. Се гледаме догодина со нови сили и нови победи, се вели во објавата на училиштето.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*