Детската литература најбарана на почетокот на летото во ЈЛБ ,,Илинден” Делчево

Јавната локална библиотека ,,Илинден” од Делчево ги сумира резултатите за литературата која се најмногу се изнајмува во установата. Меѓу најбараните изданија на почетокот на летото е детската литература, која претежно се изнајмува од стрсна на основците, соопшти директорката на библиотеката Билјана Петровска.

-Од лектирите за основно образование најбарана е „Доктор Офболи“. Средношколците во јуни не изнајмиле лектири и за еден месец изнајмена е само една „Тристан и Изолда“. Што се однесува до повозрасните читатели најчитани во месецот што измина беа трилерите и нашите членови нив најмногу ги читаа. Најбарани беа делата на Лаш Кеплер, Фрида Мекфаден и Сејгер Рајли, истакна Петровска.

Меѓу побројните посетители во месец јуни, како што додаде биле и најмалите кои барале сликовници од големоот избор на детска литература.

-Во топлите летни денови, на плажа или дома, нема подобра релаксација од  добра книга. Освежување на сите сетила. Летото е познато по авантурите, патувањата, љубовите и раскажувањата, но не сакаат сите ист тип на литература. Во ЈЛБ „Илинден“-Делчево  има за секого по нешто во кое можете да се изгубите и да им се препуштите на мислите кои ќе го одведат во некои други светови и нечии туѓи животи, додаде Петровска.

Во текот на месец јуни во ЈЛБ „Илинден“ Делчево се направени 16 нови членски карти, а вкупниот број на читатели моментално е 906 членови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*