Летна работилница на ЈЛБ ,,Илинден” со најмалите во Градски парк во Делчево

Одржана втората работилница од „Лето убаво“ во организација на ЈЛБ„Илинден“.
36 дечиња беа дел од неа и навистина беше убаво, интересно и креативно.

Огромна благодарност до Алпин Ком,што донирајки ни дрвца кои дечињата ги искористија за изработка на фигури, ја направија оваа работилница навистина интересна.

Од име на ЈЛБ„Илинден“-Делчево и од име на сите деца-учесници во работилницата ви благодариме од срце, со помош на вашата донација ќе реализираме уште многу други работилници на разни теми во иднина.

Дечињата во градскиот парк направија гомено сонце а со креди во боја во паркот пред летната сцена нацртаа слики кои асоцираат на лето, базен, одмор.

Дечиња бевте како и секогаш послушни, креативни, и насмеани.

Се дружиме на следната работилница која ќе биде со натпреварувачки карактер, наречена „Летни лудории“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*