Трето место за Мартин Спасевски на велосипедската крос кантри трка во Крушево

Во организација на велосипедскиот клуб Oxygen mountain bike Club од Скопје и велосипедската федерација на Македонија се организираше трката во планински велосипедизам на велосипедските патеки во Крушево во рамки на фестивалот When in Krushevo.

На трката голем успех постигна младиот Мартин Спасевски од Делчево кој го освои третото место. Третото место Спасевски го освои ма кружна трка на патека долга 3.7 км на која се возеа онолку кругови согласно категориите на возачи.

Нашиот младинец Мартин Спасевски кој инаку е член на Младинската секција при ПСК ГОЛАК Делчево во неговата категорија учествуваше со планински велосипед, возеше 3 круга (11.1 км) што според постигнатото време му го донесе третото место.

Честитки за овој и за наредните натпревари до Мартин упатија од ПСК ГОЛАК Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*