Чтец Виктор Крстевски доби ипоѓаконски чин

На 07 јули Православната Црква го празнуваме денот на ,,Раѓање на Свети Јован Крстител”. По повод празникот Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, началствуваше во храмот посветен на ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица.

По Евангелието Епископот одржа содржајна беседа во која ја потенцира Божјата Семоќност, која се докажува токму со денешниот настан на чудесното зачнување и раѓање на Свети Јован.

За време на Светата Литургијата Епископот го ракопроизведе во ипоѓаконски чин чтецот Виктор Крстевски од Делчево.

Нека му е честит и од Бога благословен ипоѓаконскиот чин, се вели во објавата на Делчевско-каменичката епархија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*