Одржан најавениот собир со дел од жителите на с.Ѕвегор за решавање на проблемот со водоснабдувањето

Во Делчево се одржа најавениот состанок со жителите на с.Ѕвегор за решавање на проблемот со водоснабдувањето. Собирот по собирањето на потребните потписи од жителите го одобри градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој по завршување на средбата излезе со заклучок дека потребна е итна средба со претставници на Министерството за транспорт и врски кои се 

договорен орган за извршување на градежните работи за прикчучување на селото на новиот водоводен систем.

-Сите сме согласни да закажеме состанок со Министерството за животна средина, да им укажеме со што се соочуваат жителите и да видиме на кој начин со Министерството како договорен орган вој проблем може да се реши, рече Трајковски.

Горан Гошевски, жител на с.Ѕвегор кој во име на потпишаните граѓани заедно со двајца други претставници учествуваше на собирот  стравува дека целосното решавање на проблемот ќе се оддолжи до есента.

-Главниот проблем е што фирмата изведувач ни е уништен постоечкиот водовод, а не се наѕира крајот на завршување на новиот. 

Се плашам дека и есен ќе дочекаме без вода. Трпението на населението е при крај и до колку нема реакција на населението, кон крајот на оваа седмица можеме да настапиме и порадикално со блокирање на Меѓународниот пат Македонија – Р.Бугарија, истакна Гошевски.

Спотед него тоа е единствен начин на кој може да се изврши притисок на надлежните да се сврти вниманието на проблемот на повисока инстанца. 

-Треба некој да се замисли дека во 21 век во Делчево постои село, најголемо село без вода за пиење, на плус 40 степени во нечовечки услови е неприфатливо, додаде Гошевски.

Директорот на Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница” Стојче Стојковски посочи дека претпријатието ги изнело  своите аргументи, посочувајки дека жителите се во право, бидејки според него се пробиени роковите за приклучок и на Ѕвегорци на водоводниот систем од кој се снабдува најголем дел од населението на Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*