ЈЛБ ,,Илинден” избра најчитател по повод Светскиот ден на Ромите

Традиционално и годинава, ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, по повод 8 април, меѓународниот ден на Ромите, избра и награди најчитател ром. Годинава тоа е Хулејда Мемедова, ученичка во VIII-2 одделение при ООУ„Ванчо Прке“.Хулејда како подарок доби книга,граматика на ромски јазик и бесплатен членски број.Се надеваме дека ќе биде наш редовен читател.

За delcevo365.mk Хулејда изјави дека се заблагодарува за вниманието и ова за неа значи мотив повеќе да ја посетува библиотеката и да чита книги.
ЈЛБ„Илинден“ нема голем број на наслови на ромски јазик, располагаме со речник и граматика на ромски јазик, и роднокрајното одделение на библиотеката со гордост кажува дека има и збирка поезија од наш роднокраен автор, Сабри Демиров од Тработивиште.

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април официјално е прогласен во 1990 година на светскиот конгрес на меѓународната унија за Ромите во Полска.

На конгресот претставници на роми од 14 држави донесоа одлуки за знамето, химната, за прогласување на ромскиот јазик и за воведување на терминот Ром.
На првиот конгрес на роми во Лондон во 1971 година, ромскиот јазик е прогласен за официјален јазик на ромите во светот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*