Во Делчево реализирана превентивна активност од областа на сообраќајот, во чии рамки возачите се запознаа со важноста за одговорно и прописно паркирање. Активноста се спроведе во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.
-Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, МВР и ОСБСП – Делчево во рамки на кампањата „Паркирај совесно, паркирај одговорно” имаа едукативно – превентивна активност во Делчево. Акцентот беше ставен на зголемување на сообраќајната култура и подигнување на јавната свест за прописно паркирање, истакнаа од ОБСП Делчево.

Активноста се спроведе низ улиците во централното градско подрачје во Делчево.
-Со цел подобра информираност на возачите им беа поделени флаери со едукативна содржина, а истите беа оставани на непрописно паркираните возила, додадоа организаторите на активноста.
Вакви активности како дел од оваа кампања, како што додадоа, ќе бидат реализирани и во наредниот период.


Leave a Reply