Милена Ангелова е дел од македонскиот тим што ќе учествува на Меѓународна Олимпијада по геонауки (IESO 2024). По тој повод денес од Средното општинско училиште ,,Методи Митевски Брицо” на својата ученичка и нејзиниот тим им посакаа среќа и многу успех на Олимпијадата.
-Среќен пат и убав престој на нашата ученичка Милена Ангелова во Кина!
Не се сомневаме дека ќе го дадеш максимумот од себе. Ти посакуваме да донесеш медал, нови искуства и убави спомени. Им посакуваме многу успех на целиот тим од Македонија и нивните ментори. Среќно!!!, се вели во објавата на СОУ ,,М.М.Брицо” Делчево


Leave a Reply