Едукативно-превентивни активности во рамки на кампањата ,,Патуваме безбедно”

Во рамки на кампањата ПАТУВАМЕ БЕЗБЕДНО која се спроведува од страна на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево во соработка со МВР и РСБСП, на Граничниот премин Делчево беше обезбеден Пункт за безбедност на сообраќајот на патиштата. На пунктот беа поставени материјали и флаери со едукативна содржина: ВОЗИ ОДМОРЕН, КОРИСТИ ЗАШТИТЕН ПОЈАС, НЕ КОРИСТИ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ДОДЕКА ВОЗИШ, НОСИ КАЦИГА И АЛКОХОЛОТ Е ЛОШ СОПАТНИК – НЕ ПИЈ КОГА ВОЗИШ.

Целта е овие материјали со совети за време на летниот период да бидат достапни до возачите при влезот во нашата држава и да служат како потсетување за одговорно учество во сообраќајот на патиштата.

На самиот Граничен премин беше реализирана и едукативно –превентивна активност каде преку непосредни средби со возачите на патнички, но и на тешки товарни возила им беше укажано на ризиците кои постојат доколку не се користат системите за пасивна безбедност вградени во возилото, но и на ризиците за управување на моторно возило при замор или под дејство на алкохол. На средбата на возачите им беа делени флаери со едукативна содржина.

Овие превентивни активности се насочени кон возилата кои транзитираатпреку општина Делчево користејќи го Магистралниот пат А3 и се дел од кампањата ПАТУВАМЕ БЕЗБЕДНО која се реализира на подрачјето на општина Делчево за време на летниот период кога има зголемување на патувањата за време на летните одмори.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*