Се е подготвено за Меѓународниот фолклорен фестивал ,,Голачки фолклорни средби 2024″

Национална установа Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров“ Делчево и Општина Делчево Ве покануваат на Меѓународниот фолклорен фестивал ,,Голачки фолклорни средби 2024 година“ .

На летната сцена пред Спомен Дом АСНОМ учество ќе земат 12 културно уметнички групи и ансамбли, оркестри, пеачки групи и инструменталисти од земјата и странство.

Поради забраната за движење во шума и потенцијалната опасност од пожари, фестивалот и годинава ќе се одржи на летната сцена во Делчево, и тоа со одлука на сите релевантни фактори кои се дел од организацијата на оваа фестивалот.

Први од гостите кои пристигнаа се играорците од Културни центар ,,Радое Домановиќ” од Рача, Р.Србија.

Организатори на ,,Голачките фолклорни средби“ се Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров“ Делчево со финансиска помош од Министерство за култура / Ministria e Kulturës и под покровителство на Горан Трајковски – Градоначалник на Општина Делчево

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*