По повод националниот ден на љубителите на книгата, Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево ја реализираше активноста насловена „Донеси прочитана,земи непрочитана сликовница“.
Кон крајот на работното време, во читалната на библиотеката беше навистина весело, разиграно и интересно. Дечињата донесоа свои прочитани сликовници а од библиотеката, дома однесоа не прочитана сликовница.„Малиот принц“,„Црвенкапа“,„Пинокио“,„Хајди“,„Трите прасиња и уште многу други наслови на познати и интересни сликовници беа донесени и однесени, истакна директорката Биљана Петровска.

Сите дечиња, како што додаде таа, имаа можност и време во читалната да се дружат, да си играат, да избојат цртежи и да разгледуваат сликовници кои се за издавање.

-Покрај се друго што е дејност и работа на самата библиотека, наше е и да ги мотивираме децата да ги сакаат сликовниците, да сакаат да читаат и да имаат навика да доаѓаат во библиотеката. Се надеваме дека сите дечиња кои беа дел од оваа активност, задоволни и среќни си замниаа дома. Ако е така, за скоро ќе организираме ново дружење, додаде Петровска.


Leave a Reply