Благодарница за Глигорчо и Јована за промоција на Берово во странство

Денеска во мојот кабинет, мои драги гости беа Јована Топаловска и Глигорчо Симевски, на кои им доделив благодарница за промоција на Општина Берово, во странство, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски

Двајцата млади ентузијасти од Берово, пред извесен период, отворија прекрасен ресторан во Оберхаусен-Реинхаусен, во близина на градот Карлсруе, во три, кој се вика “Boulevard der Liebe“ поточно “Булевар на љубовта”.

Спомените за родното Берово, Јована и Глигорчо, ги пренеле и во сопствениот ресторан, со украси и голем број на слики од градот Берово, од кои, некои се нацртани од самата Јована, која вешто се справува и во уметничкиот свет.

Берово, велат сопствениците, секогаш ќе остане во срцето, а нашата богата и традициобална храна и убавина, се одличен концепт, преставен во ресторанот, кој ги промовира убавите и единствени вкусови на секој посетител.

Од тие причини, Комисијата за доделување на награди и признанија, при Советот на Општина Берово, одлучи да им биде доделена благодарница, за промоција на Општина Берово, во странство, која денеска, имав чест да им ја доделам, додаде во објавата на фејсбук, Петлевски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*