Се реконструира чешмата пред Димовско Маало, водата забранета за употреба

Во тек активности за реновирање на чешмата на која се наоѓа на магистралата А3, пред патот за Димовско Маало кај делчевското село Драмче, Делчево.

Поради тоа како што информираа од Месната заедница во с.Драмче, водата од од чешмата е забрането да се користи за пиење.

-Забраната ќе важи се до завршување на работите, за што населението навремено ќе биде известено. Се работи за чешма која е доста користена од луѓето кои поминуваат по патниот правец Делчево – Македонска Каменица кој е дел од магистралата А3, заради што апелираме сите да ја почитуваат оваа одлука, се вели во соопштението од Месната заедница во с.Драмче.

Чешмата како што додадоа се реконструира со поддршка на општествено-одговорен субјект од Делчево.

-Активностите за реконструкција на самата чешма се реализираат со поддршка на фирмата Брегал ДОО, која многупати ја има покажана својата општествена одговорност, учествувајќи во голем број активности кои имаат за цел поддршка и помош на локалното население во реализација на зацртаното, додаваат од Месната заедница.

Оттаму очекуваат реконструкцијата на споменатата чешма да заврши до крајот на месец август.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*