Во пријателски натпревар ФК ,,Брегалница 1926 Делчево” в сабота го пречекува ФК ,,Граничар” – Логодаж

Фудбалскиот клуб ,,Брегалница 1926 Делчево” претстојната сабота (24.08.2024) ќе го одигра првиот контролен натпревар пред почетокот на сезоната во Третата фудбалска лига Исток.

Во меѓународен пријателски натпревар, на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Делчево ќе гостува екипата на ФК ,,Граничар” од Логодаж, Р.Бугарија.

Средбата е закажана за 17:00 часот, а во најавата за натпреварот од ФК Граничар Логодаж им се заблагодарија на домаќините за поканата упатувајќи покана до своите навивачи кои имаат можност да присуствуваат на средбата.

-Се надеваме дека ќе испадне вистинска фудбалска прослава која ќе ги израдува навивачите на двата тима, истакнаа од стручниот штаб на ФК ,,Граничар”.

Тренерот на ФК ,,Брегалница 1926 Делчево”, Даниел Гоцевски, како што претходно објавивме, веќе ја најави оваа пријателска средба, а во меѓувреме со фудбалерите стручниот штаб ги одработува тренинзите на нашиот стадион.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*