Иселеници од Австралија донираа детска литература за ЈЛБ ,,Илинден” – Делчево

По четири месеци патување, вчера во Јавна локална библиотека „Илинден“ од Австралија, пристигна донација претежно детска литература на англиски јазик.

-Малку е ако кажеме огромно благодарам до нашите иселеници Атанасовски Кире и Виолета од Австралија.

По втор пат, на радост на сите наши читатели особено децата кои сакаат да читаат на англиски јазик тие подарија книги на библиотеката и тоа 130 наслови детска литертура и 10 наслови за возрасни, како и неколку пакувања детски друштвени игри.

Сите книги од утре ќе бидат достапни до сите наши читатели. Уште еднаш благодарност од срце до фамилија Атанасовски, на следната нивна посета на родниот крај , очекуваме да бидат наши гости во библиотеката.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*