Црвен Крст Делчево организираше уште еден успешен младински камп

Општинската организација на Црвен Крст Делечево организираше тридневен камп кој се одржи од 23 до 25 август во училишниот двор на училиштето “Св. Климент Охридски” во село Вирче.

Програмата на кампот вклучуваше предавање за Десиминација, работилници за регрутација и мотивација како и различни спортски и едукативни активности.

-Нека ваквиот пример на нашите волонтери биде поттик и мотивација и во иднина да се организираат вакви кампови, во кои ке учиме да ги почитуваме принципите на Црвениот крст и Црвената Полумесечина. Ке бидеме среќни се додека вакви ентузијасти полни со хумани вредности постојат,.се вели во објавата на Црвен Крст – Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*