Најголемите пријатели на спортот во Делчево, фирмата Алпин Ком – покрај подршката на идејата за обнова на фудбалската приказна уште од самиот старт и директното организационо учество во голем дел од активностите, уште еднаш пред почетокот на сезоната со нова финансиска помош и нови дресови ни овозможуваат во голема мера да ја зацврстиме финансиската стабилност на клубот и да се надеваме на добри резултати и позитивна атмосфера.

Овој пат како никогаш до сега сите активности на клубот и во фудбалскиот и во финансискиот дел ќе бидат крајно транспарентни за сите инволвирани спонзори, па така ги охрабруваме сите заинтересирани да продолжат со поддршката на клубот за мотивација на младите, фудбалско Делчево, полни трибини и уште по стабилна сезона.
Спортски поздрав. ⚽️, се вели во објавата на ФК ,,Брегалница 1926 Делчево”.


Leave a Reply