Време е за ново гостување во Струмица, Брегалница Делчево 1926 секогаш оди на победа, се вели во најавата за утрешниот натпревар од клубот од Делчево.
Дербито на 2-то коло во Третата македонска фудбалска лига – исток, ќе се одигра на стадионот „Кукуш“ каде нашиот тим ќе му гостува на Хоризонт Турново.
Минатата недела имавме позитивно искуство во Струмица, од каде се вративме со 3 бода и победа, што е дополнителен мотив за сите играчи да продолжи позитивната серија.
Средбата се игра во недела, со почеток во 15 часот.
Напред Брега !


Leave a Reply