На свечена церемонија во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Europe House, Средното општинско училиште ,,Методи Митевски Брицо” од Делчево го потпиша договорот за имплементација на проектот од програмата на Суперучилишта.

За потсетување, во минатиот втор циклус на имплементација, нашиот проект беше награден со престижната награда за најдобри практики. Оваа година, училиштето по трет пат со своето партнерско училиште Средња Стручна Школа, ќе имплементираат возобновени тематики во интерес на учениците и на заедницата.
На настанот учествуваа клучни говорници, меѓу кои Алберт Хани генерален секретар на RYCO, Весна Јаневска, министер за образование и наука, Фатмир Сабриу, државен секретар во Министерството за социјална политика, демографија и млади, Н.Е. Бен Нупнау, заменик-шеф на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија и за Кевин Маас, шеф за култура од германската амбасада во Скопје. Заедно со Владимир Ѓорѓевски, раководител на локалната подружница на RYCO во Република Северна Македонија , тие ја истакнаа важноста на младинската соработка и регионалната соработка.


Leave a Reply