Се градат краци на ул.Орце Николов во ,,Шумски Расадник”

Во населбата „Шумски Расадник“ во тек е изградба на краци од ул. „Орце Николов“ со што се одговора на барањето и потребите на жителите од оваа населба и се решава проблемoт со патната инфратсруктура.

Во моментов се изведуваат земјени работи на теренот по што ќе следува асфалтирање на краците кои се со вкупна должина од околу 270 метри и пешачки патеки во должина од околу 70 метри.

Инвестицијата за изградба на основниот проект е на Општина Делчево, а изведувач на работите е Атеа фемили ДООЕЛ Зелениково.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*