„Чиста вода за Делчево” е слоганот под кој во Делчево во последните 5 години се реализира „Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево“, донација од Владата на Швајцарија.
Целта е остварена! На 28 Октомври официјално ќе биде пуштена во употреба фабриката за вода во с. Тработивиште, и конечно жителите на Општина Делчево ќе добијат чиста и квалитетна вода, за себе но и за идните генереации.
Со цел да се разубави настанот, но и да се искаже благодарноста кон Швајцарскиот народ за донацијата, Проектот организира конкурс за изработка на:
• Макета (3Д) на тема „Патот на водата до мојот дом“ (препорака за употреба на рециклирани материјали) –групен проект на ниво на училиште/ градинка
• Ликовни дела на тема „Вода за живот-чиста вода за Делчево“
• Литературни дела на тема „Вода за живот-чиста вода за Делчево“.

Ликовните и литературните дела ќе бидат поделени во две категории:
прва категорија 4,5 и 6 одделение, втора категорија 7,8 и 9 одделение.
Избраните литературни дела по 5-6 од секое училиште треба да се преведат и на Англиски јазик.
Ликовните и литературните дела треба да се достават на е-маил: lpo.delcevo@gmail.com, најдоцна до 15 Октомври, и во оригинал до ЈКП Брегалница (канцеларии кај градски пазар), до 15 часот.
Најдобрите дела ќе бидат изложени (презентирани) на денот на настанот во Фабриката за вода во с. Тработивиште пред бројните гости од земјава и од Швајцарија.
Швајцарскиот консултант на Проектот (ЕБП), ќе обезбеди награди на најдобрите.
Проект за подобрување на водоснабдувањето во Делчево, Општина Делчево и ЈКП Брегалница Делчево (во соработка со образовните институции од Делчево).
*Евентуални прашања на lpo.delcevo@gmail.com,


Leave a Reply