Во Пехчево се реализира последната фаза од реализација на проектот „Уредување на барски еко – систем Езерце“

Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево, Општина Пехчево е последната фаза од реализација на проектот „Уредување на барски еко – систем Езерце“.

Во оваа фаза како што се вели во објавата на Општина Пехчево се поставија места каде посетителите може да се направат скара, се набавија нови канделабри, како и клупи и корпи за отпадоци.

Исто така изградени се нови тоалети, мини амфитеатар за мали манифестации и едукативни предавања, како и мини бара за едукација на учениците за животинскиот растителниот свет во барските системи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*