Прва награда за ЗФГ ,,Копачка” за автентичен фолклор на Меѓународниот фолклорен фестивал ,,Малешево пее и танцува”

Објава на ЗФГ ,,Копачка”

Здружението Фолклорна група ,,Копачка” с.Драмче доби прва награда за Изведба на автентичен фолклор на 19-тиот Меѓународен фолклорен фестивал Малешево игра и пее кој изминатиот викенд се одржа во Микрево, Струмјани, Р.Бугарија.

Со езгијата на тапаните, со ритмите на пијанечкиот изворен фолклор и исполнувањето на ората: „Циганчица“ со женска изведба и „Ситно“ и „Копачка“ со мажите, нашите претставници ја пленеа публиката на овој реномиран фестивал.

-За прв пат настапуваме на овој фестивал и им благодариме на организаторите на фестивалот, за поканата и извонредната организација на оваа престижно меѓународно случување. Задоволството и предизвикот се дотолку поголеми за нас што ни се даде можност и овде да ги грмнеме тапаните на оваа наша пијанечка тапанџиска синфонија, истакна претседателката на ЗФГ ,,Копачка”, Перса Стојановска.

За неа и на ова место беше прекрасна можност присутните да ја доживеат Копачката која претставува ехо на дамарите на жителите од Пијанец.

-Одекнаа тапаните што ја раскажуваат приказната за ова фолклорно добро Копачката, кое е национално но и светско културно наследство на УНЕСКО. На оваа фестивалска вечер, настапија и претставниците од Србија, Црна гора, Турција, Малта, Италија, Украина и секако Бугарија. Благодариме на Комисијата, за доделената награда и за препознатливоста на вредностите, што ги носиме со самата изведба, почнувајки со носијата во која имаме елементи постари и од 100 години, па се до комплетната изведба, на изворниот пијанечки фолклор, црпен од изворите на соборите во Драмче, од страна на нашиот пијанечки Цепенков, народниот уметник Димитар Узунски, додаде Стојановска.

Сето ова како што напомена се случува во време кога се одбележува Јубилејот 10 години откако „Копачката“ е впишана во УНЕСКО.

-Горди сме и среќни што вака успешно ја претставувавме Македонија, 🇲🇰 Министерство за култура https://www.facebook.com/Ministerstvo.za.kultura на овој голем меѓународен фолклорен фестивал и се здобивме со ваква голема награда, која ги потврдува нашите заложби за одржливоста на „Копачката“ во УНЕСКО, заврши Стојановска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*