По повод месец Октомври-месецот на книгата, а во рамки на одбележувањето на Детската недела, ЈЛБ „Илинден“ -Делчево, реализираше активност во која заедно со третооделенците од ООУ „Ванчо Прке“, ги спои книгата и есента.

-Во читалната на библиотеката, тертооделенците од ООУ” Ванчо Прке“ направија прекрасна есенска декорација со есенски плодови и жолти лисја.Зборувавме и читавме за есента, нејзините убавини, што се се случува со природата во есен. Ги покануваме сите наши читатели да дојдат и да видат каква убава есенска декорација направија денешните наши гости, истакна директорката на ЈЛБ ,,Илинден”, Билјана Петровска
Изрази благодарност до наставниот кадар од училиштето.
-Благодарност до наставничките Бети, Даниела и Бети и до сите дечиња.
По повод месецот на книгата сите ученици кои беа гости во библиотеката, како подарок добија книга- поезија.

Leave a Reply