Во организација на Општинската организација на Црвен Крст и Здружение на пензионери од Делчево денес во просториите на Клуб на пензионери се одржа предавање на тема Ментално здравје.
Предавањето го одржа психијатар Билјана Георгиевска која воедно е и претседател на делчевскиот Црвен Крст, а истото се реализираше во пресрет на Светскиот ден на менталното здравје.
-Денес зборуваме за менталното здравје и неговата поврзаност со соматските заболувања. Имаме доста добра соработка со здружението на пензионери, пр окед кои денес го презентиравме нашиот план на активности. Со тоа навреме ги запознаваме со новитети како Општинска организација кои се тесно поврзани со самите нив, истакна Георгиевска.

Претседателката на ЗП Делчево, Виолета Арсова изрази задоволство од досегашната соработка со хуманитарната установа.
-Секогаш кога ги покануваме, тие секој пат ни излегуваат во пресрет за секаков вид активности, така што и денес нашите пензионери денес имаа можност да слушнат за новитетите, но и да научат како да се чува менталното здравје. Благодарност до Црвен Крст Делчево и се надевам дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму, рече Арсова.

Во рамки на денешниот настан, како што додаде организациониот секретар на Црвен Крст Делчево, Ивана Ангеловски со пензионерите од Делчево се реализираше и акција за бесплатно мерење на шеќер во крвта и крвен притисок.

Leave a Reply