Во тек реконструкција на фасадата на Спомен дом АСНОМ

Во Делчево започна реконструкцијата на фасадата на Спомен-домот АСНОМ во Делчево. Увид во работите денес изврши градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој информираше дека проектот кој е продолжение на проектот од минатата година, во првата фаза опфаќа замена на надворешна столарија и изведба на термоизолациона фасада.

-Целта е зголемување на енергетската ефикасност што значи намалени трошоци за загревање, но и современ урбан изглед на објектот. На Спомен дом АСНОМ за прв пат од неговата изградба на почетокот на 80-тите години, се преземаат мерки за санација, реконструкција и осовременување, истакна Трајковски.

Поддршка за реализацијата на проектот како што додаде, Општината има од Министерството за култура.

-Проектот се реализира преку Програмата за користење капитални дотации за инвестициони проекти во единиците на локалната самоуправа во областа на културата, а останатите се кофинансирани од Општина Делчево, додаде Трајковски.

Вкупната вредност на проектот изнесува 3,5 милиони денари со ДДВ од кои 2,45 милиони се обезбедени од Министерството за култура

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*