Денес во нашето училиште на часот на одделенската заедница, со учениците од седмо, осмо и деветто одделение, се одржа едукативно предавање со презентација и видео запис на тема :
,,Спречување на трговија со луѓе и деца”.
Предавањата ги реализираа :
Влатко Калаџиски, самостоен Инспектор за обука и превенција од РЦ Исток, Ивана Ангеловски од ОО “Црвен крст на Република Северна Македонија, општинска организација, Делчево и
Марија Аџиска, Помошник Командир за јавен ред и мир и превенција.




-Предавањето беше проследено со големо внимание од страна на учениците. Им благодариме на нашите соработници, со кои соработката продолжува и во иднина за многу актуелни теми и содржини кои се од многу важно значење за нашите ученици, со цел да се заштитат од опасностите, пороците и стереотипите на нашето секојдневно живеење, се вели во објавата на училиштето.




Leave a Reply