Пригодна свеченост по повод 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба

Општина Делчево организира пригодна свеченост во чест на 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба. Настанот ќе се одржи на  23 октомври (среда) во 10:00 ч пред споменикот на Гоце Делчев во центарот на градот, каде ќе се положи свежо цвеќе.

По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев.

Агенда за настанот:

  • 10.00ч – реферат по повод 23 Октомври Ден на македонската револуционерна борба (КУД „Гоце Делчев“ од Делчево)
  • 10.15 ч. – положување свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев

По повод чествувањето на овој празник пригодна свеченост организира и Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Делчево.

Огромна е честа да Ве поканиме на чествување на Денот на македонската револуционерна борба во Делчево во организација на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево.

Настанот ќе биде реализиран на 23ти Октомври(среда) од 9:30 пред споменикот на Гоце Делчев во Делчево.

Делчево со неговото име е тесно поврзано со овој голем македонски празник.

Ќе ни биде особено драго доколку дојдете и заедно го одбележиме овој голем ден за Македонија, се вели во поканата на ОК ВМРО ДПМНЕ Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*